Груевски: Црвенковски нека се подготви за дуел со историјата

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски треба да се подготви за дуел со историјата, рече македонскиот премиер Никола Груевски, одговарајќи дали ќе има телевизиски дуел со него.

- Црвенковски нека се подготви за дуел со историјата. Со мене има секојдневни дуели ако мислите на политички натпревар и постојано излегување на избори и постојани порази. Нека се подготви за дуел со историјата. Неговиот дуел е со историјата, истакна Груевски во интервју за емисијата „Икс Нула“ на Канал 5 телевизија.