Груевски: Го намаливме државниот долг за 12 процентни поени или за 32%, а невработеноста за 7 процентни поени, или за околу 22%

 

Премиерот Груевски се осврна на намалениот државен долг и на намалената невработеност, во време додека тој е претседател на Владата. “Во 2006 та државниот долг беше 39 процентни поени, Македонија има сега 26 процентни поени државен долг. Го намаливме државниот долг за 12 процентни поени, или некаде за околу 37%, а невработеноста за 7 процентни поени или за околу 22%.

Кога во 2006 година го добивме мандатот државнот долг изнесуваше 39 процентни поени, потоа со нашите мерки го намаливме пред светската криза на 23,5 процентни поени, за потоа во време на светската економск и европската должничка криза да се покачи на 26,8процентни поени. Значи се на се од 39 процентни поени државен долг во време на СДСМ, денес во време на ВМРО-ДПМНЕ долгот изнесува околу 27 процентни поени, што значи намалување за 12 процентни поени, или за околу 37%. Невработеноста во 2006та беше 38 процентни поени, за две години ја намаливме на 31 процентен поен, или за околу 7 процентни поени, односно за околу 22%, а сега откако почнаа кризите се трудиме да ја одржиме незголемена. Знаете ли што значи тоа, Македонија е 4 најмалку задолжена земја во Европа.”, изјави Груевски.