Имав задоволство да го пречекам во куртоазна посета амбасадорот на Словенија, Н.Е Грегор Прескер.
Го изразив моето задоволство за одличните билатерални односи и соработка меѓу нашите две земји и му се заблагодарив на амбасадорот Прескер за континуираната поддршка на Словенија во процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ.
Се договоривме да ја зајакнеме соработката во доброто владеење и политиките за антикорупција, како билатерално така и во рамките на иницијативите на ЕУ, за да ги повториме добрите практики што ги спроведуваат нашите словенечки пријатели.