„Добар ден и од мене. Задоволство е да се одбележи овој почеток на овој проект којшто ќе значи многу за битолчани и мислам дека со ова, уште едно ветување коешто го дадовме го исполнуваме со овој почеток.
Очекувам брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина. Како што самиот градоначалник кажа, не само овој проект овде, туку и на многу локации низ Битола се работат и градежни зафати и други проекти.
Јас сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата којашто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто грчевито се бореа во минатото, а и сега морам да кажам, и покрај тоа што Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, се борат за секој проект повеќе за Битола.
Јас секогаш сум велел така и сега сакам да испратам една порака, дека за мене Битола има посебно значење во делот на реализација на проектите. Битола полека но сигурно најпрвин во овие години откако Тони Коњановски е градоначалник заедно со советниците и со администрацијата се обидуваат што е можно повеќе проекти да реализираат.
Морам да напоменам дека во тој период, Владата не беше позитивно настроена кон Битола, битолчани и градоначалникот, честопати и се одземаа ингеренции и до ден денеска, сѐ уште рецидиви од тоа време, но сега е поинаква ситуацијата.
Можам да кажам дека откако ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик очекувам, а од тоа што го знам е дека Општина Битола ќе конкурира со нови проекти, но исто така и со усвојувањето на Буџетот за следната година ќе имаме дополнителни проекти, само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата општина.
Така што мислам дека ќе имаме навистина еден комплетен нов изглед на Битола и тоа ќе не направи нас прилично горди.
Уште еднашка му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците на сите луѓе, благодарност и до Вас што не следите секој пат и кога не бевме Влада, кога бевме во опозиција и сега кога сме Влада еве на овој прв денешен настан. И да посакам уште многу многу вакви проекти да бидат реализирани во Битола, бидејќи Македонија и Битола се сакаат со дела.
Ви благодарам.“