Груевски за Си-Ен-Ен: Обезбедивме нови пазари како компензација на грчките

Кризата во Грција почна пред неколку години, на почеток нашите компании загубија некои договори со грчките компании, за продажба, трговија и извоз, но чекор по чекор нашите компании брзо најдоа компензација во склучувањето на договори со компании од други земји, рече премиерот Никола Груевски во интервју за Си-Ен-Ен прашан за влијанието на грчката должничка криза врз македонската економија.

- Сега ги имаме стабилизирано овие проблеми, и грчката должничка криза е поголем проблем за нас од аспект на европската рецесија, не толку многу од аспект на соседска трговија, истакна Груевски.