Груевски за Си-Ен-Ен: Европската криза има влијание врз Македонија, 90 отсто од извозот оди во ЕУ

Имаме некои проблеми поради грчката должничка криза, но не толку силни како проблемите кои доаѓаат од рецесијата во Европската Унија, изјави македонскиот премиер Никола Груевски во интервју за Си-Ен-Ен.

Одговорајќи на прашањето на новинарот за влијанието на еврокризата врз состојбите во Македонија, Груевски рече дека 60 отсто од нашиот извоз оди во земјите од ЕУ, а 30 проценти во околните земји кои не се дел од Европската унија, но и тие исто така се поврзани со ЕУ. Околу 90 отсто од нашиот извоз е поврзан со ЕУ, и на некој начин, додаде, сме многу зависни од економската ситуација во ЕУ.