Мицкоски: До сега во неколку случаи сум разочаран од делувањето на обвинителството и судството, шансата да покажат работа согласно закон и Устав им се троши

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро.

„Еве еден пример кој што не го знае јавност за кој што беше констатирана злоупотреба сериозна и штета на државниот буџет, во случајот општинскиот буџет за околу 70, 80 милиони денари. Од страна на судијата му беше одредена мерка на претпазливост, да се јавува еднаш во судот неделно. И сега ќе влеземе во еден процес кој што ќе трае можеби децении, од прилика така изгледа таа работа.“, рече тој и додаде:

„Но, не сакам ова да звучи како притисок врз обвинителите и судиите. Мене можеби најлесно како претседател на Владата, како што велите вие имате две третини да ги смениме сите овие, да им направиме интерпелација, и на нивните места да донесеме луѓе кои што ние ќе ги предложиме. И можеби ние тогаш ќе имаме робусна, жестока, јака битка. Ама тогаш ќе речат еве донесовте партиски кадри, се симнаа едните, дојдоа другите, и сето тоа ќе фрли дамка во процесот. Затоа ние велиме, имаме јавен обвинител кој што го избрал претходното мнозинство. Да имаме 80 пратеници, но велиме еве овој обвинител од претходното раководство од СДСМ и ДУИ нека обвинува согласно закон, онака како што треба. 
Ние не го менуваме, иако можеме утре да го смениме, и него и судски совет, и совет на јавни обвинители. Но, ние даваме шанса, да не биде дека ние партизираме. Но таа шанса нема да биде до недоглед. Таа шанса се ситни, се троши. И кога ќе видиме дека не го направил тогаш логично е да предложиме наши луѓе во кои веруваме дека ќе го испорачаат тоа кое што очекуваме ние и граѓаните да го испорачаат, тоа е битка против криминалот и корупцијата. Тоа е нашата стратегија. 
Еве даваме шанса, да не биде дека не сме дале, дека партизираме, еве повелете господа обвинувате и судите согласно закон и Устав. До сега сум разочаран во неколку случаи. Се постапува калкулантски и морам да кажам дека се постапува според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се и тоа не е добро.“
 
Со почит,