Состанок на Комитетот за минерални суровини
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во Владата на Република Македонија вчера се одржа вториот состанок на Комитетот за минерални суровини, со кој претседаваше претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.
На состанокот Комитетот ги разгледуваше општите состојби и статусот на постапките за издавање на дозволи за геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини, при што се констатира значителен напредок во решавањето на поднесените барања за концесии.
Со цел навремено постапување по идните барања за доделување на концесии за минерални суровини, Комитетот донесе заклучок Владата да формира Оперативен комитет, кој што еднаш неделно ќе одржува состаноци на кои што ќе ги разгледува и ажурира поднесените барања за концесии.
Имајќи го предвид потенцијалот на наоѓалиштата на минерални суровини за развој на инвестициските активности, што создава можност за отворање на нови работни места, Комитетот ги задолжи надлежните министерства да преземат активности за измени во повеќе закони во насока на скратување и поедноставување на постапките за доделување на концесии.