Владата ќе обезбеди бескаматна позајмица за ОХИС-БИЛЈАНА ДООЕЛ

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2012 година во износ од 15 милиони денари, како бескаматна позајмица на “ОХИС-БИЛЈАНА ДООЕЛ”, кои ќе бидат наменети за подмирување на заостанатите обврски и надминување на неповолната финансиска состојба во оваа компанија.