Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши беше гостин во емисијата On Time на телевизијата "Коха" на која ја коментира и барањето на ДУИ и СДСМ за предвремени парламентарни избори. Дурмиши меѓу друго истакна дека барањето на опозицијата за предвремени избори е политички маркетинг и бегање од одговорноста за нивните неуспеси. ДУИ 22 години не успеа да заврши ниту еден албански проект, а да не зборуваме за други работи и проекти. Не може да се оди на предвремени избори со цел да го избегнеш нивниот неуспех. Еднаш нека дадат одговорност за криминал и корупција, потоа одиме на предвремени избори.