Александар Ѓорѓиев нов портпарол на Владата

Информираме дека на минатата седница на Владата, беше одлучено Александар Ѓорѓиев да биде именуван за портпарол на Владата на Република Македонија.

Александар Ѓорѓиев досега ја извршуваше работната позиција државен советник за односи со јавност во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија.

Александар Ѓорѓиев е роден 1982 година. Има завршено додипломски правни студии на отсекот управно право на Правниот Факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде во моментов е магистрант-постдипломец на правни науки на отсекот деловно право.