МТСП: Да се стопираат сите активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот

Поради топлото време и исклучително високите температури Министерството за труд и социјална политика бара сите органи во состав на Владата на Република Македонија, локалните самоуправи и приватните субјекти да ги запрат своите активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Во спротивно, најавуваат од МТСП, без разлика на тоа кој е работодавец, ќе бидат изречени сериозни казни согласно со Законот за безбедност и здравје при работа.

- Ние како ресорно министерство имаме целосно разбирање за потребите на граѓаните за изградба на патишта, булевари, раскрсници, повеќенаменски инфраструктурни објекти кои се за нивна добробит, но истовремено неопходно е да се има предвид правото на работникот за безбедност и здравје при работа, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.