Јавен oглас Бр.06/2025 за именување главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
Врз основа на член 4 и член 5 од Закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2010, 43/2014, 154/2015, 27/2016, 190/2016 и 83/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.251/22 и 262/23), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.06/2025
за именување главен ревизор и заменик на главниот ревизор на
Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), со мандат од девет години без право на повторен избор.
2. За главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1) Да се државјани на Република Северна Македонија;
2) Да имаат високо образование од областа на економските или правните науки;
3) Да имаат најмалку седум години искуство во областа на економијата или правото;
4) Да имаат уверение за стекнато звање од областа на ревизијата;
5) Дa поседуваaт еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
6) Да не врши друга јавна функција или професија, да не е член во органи на политичка партија, член на управен одбор, надзорен одбор или кој било друг орган кај друг правен субјект и
7) Да не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
3. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) Уверение за државјанство;
5) Диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економските или правните науки;
- Да има најмалку седум години искуство во областа на економијата или правото;
7) Уверение за стекнато звање од областа на ревизијата;
8) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
9) Доказ дека не врши друга јавна функција или професија, да не е член во органи на политичка партија, член на управен одбор, надзорен одбор или кој било друг орган кај друг правен субјект и
10) Доказ дека не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
4. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на главен ревизор и заменик на главниот ревизор на Ревизорско тело за ревизија на ИПА-со назнака за која позиција аплицира“.
5. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
6. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
7. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
9. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf%C2%A0