Јавен oглас Бр.07/2025 за именување на директор на КПУ Затвор Тетово
Врз основа на член 30 од Законот за извршување на санкциите (''Службен весник на Република Северна Македонија бр. 99/2019, 220/2019, 236/2022 и 74/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.07/2025
за именување на директор на KПУ Затвор Тетово
1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Казнено - поправна установа Затвор Тетово, на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, за време од четири години со право на повторен избор.
2. За директор на Казнено - поправна установа Затвор Тетово, може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1) да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) активно да го владее македонскиот јазик;
3) да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
4) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
5) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
6) да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и
7) познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
3. За директор на Казнено - поправна установа Затвор Тетово, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство;
6) Доказ дека активно го владее македонскиот јазик;
7) Доказ дека е работоспособен и да има општа здравствена способност;
8) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
9) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
10) Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на КПУ Затвор Тетово“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.