Јавен oглас Бр.11/2025 за именување на директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат
Врз основа на член 7 од Законот за санитарната и здравствената инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/06, 139/08, 88/10, 18/11, 53/11, 164/13, 43/14, 144/14, 51/15, 150/15, 37/16 и 83/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.16/25), и член 27 став (3) и став (4) и член 28 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019 , 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.11/2025
за именување на директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на предлог на министерот за здравство.
2. За директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, може да биде именувано лице кое:
1) Да има државјанство на Република Северна Македонија;
3) Да има стекнато најмалку 360 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на медицината и положен стручен испит;
4) Да има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
5) Поседува уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
6) Поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
3. За директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за стекнато најмалку 360 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на медицината и положен стручен испит;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
- Уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
- Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.