Јавен oглас Бр.13/2025 за именување на директор на Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија
Врз основа на член 18 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16, 84/15 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.209/23) Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.13/2025
за именување на директор на Агенција за храна и ветеринарство
на Република Северна Македонија
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Агенција за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, со мандат од четири години, со можност за повторен избор.
- За директор на Агенцијата за храна и ветеринарство може да биде именувано лицe коe ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Да има минимум пет години работно искуство;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- AПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2( B2)
- За директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Доказ дека има минимум пет години работно искуство;
- Меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ (TOEFEL) - најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- AПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2( B2)
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.