Во рамките на посетата на Катар, министерот за економија и труд оствари средба со државната министерка за меѓународна соработка, г.ѓ Мерјам бинт Али бин Насер Ал Миснад.
На оваа средба се разговараше за политичките односи меѓу Северна Македонија и Катар, кои се засноваат на меѓусебно почитување и пријателството. Фокусот на оваа средба беше на продлабочување на соработката и презентација на туристичките места кои Северна Македонија ги има.
Подготвени сме да им го понудиме сиот нашиот потенцијал на странските инвеститори, со цел развој на државата и отворање на нови работни места, рече министерот Дурмиши по средбата.
Министерот Дурмиши истакна и дека трговската размена меѓу нашите две земји низ годините бележи извонреден раст, при што му се заблагодари на министерот за покажаната волја и интерес.