Исплатени 149,8 милиони денари субвенции за растително, сточарско и органско производство и помош за премии за осигурување

Министерството за финансии денеска исплати 149,8 милиони денари субвенции на 4.726 земјоделци по повеќе основи.

За растително производство се префрлени 55,7 милиони денари на 272 земјоделци за подигање нови и одржување постоечки лозови насади, а за сточарско производство 21,45 милиони денари на 3.453 земјоделци за директни плаќања за добиено теле и директни плаќања по грла маторици.

Исплатени се и 62,13 милиони денари за органско земјоделско производство на 991 земјоделци, додека за помош за премии за осигурување се реализирани 10,5 милиони денари.