Од утре до 31 август од 11 до 18 часот забрана за движење на скутерите во езерата

Владата на Република Македонија, денеска(среда, 11.07.2012 година) на својата 72 редовна седница донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти (скутери) на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со која се ограничува пловидба на пловните објекти на наведените езера од 12 јули до 31 август 2012 година, во времетраење од 11 часот до 18 часот секој ден.

Одлуката е заради заштита на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, како и заради заштитата на природната средина.

Потсетуваме и дека стапени се во сила санкциите за прекршување на оваа одлука, во висина од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за домашни и странски правни лица, и од 800 до 2.000 евра за физички лица, како и мандатни казни од 600 евра на лице место, кои стапуваат во правна сила врз основа на законските и подзаконските акти со кои се уредени.