ЈАВЕН ОГЛАС бр.26/2025 за именување на 1 (еден) член на Регулаторната комисија за домување
Врз основа на член 105 член 105-а и член 106 од Законот зa домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009, 57/2010, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 55/2013, 163/2013, 42/2014, 199/2014, 146/2015, 31/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/2020, 150/2022 и 224/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.26/2025
за именување на 1 (еден) член на Регулаторната комисија за домување
1. На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе именува 1 (еден) член на Регулаторната комисија за домување со мандат од пет години, со право на реизбор на уште еден мандат.
2. Функцијата член на Регулаторната комисија се врши професионално.
3. Еден член на Регулаторната комисија треба да биде експерт за правни прашања експерт за прашања од областа на архитектурата и градежништвото кој треба да ги познава стандардите и нормативите за проектирање на објекти од областа на домувањето и еден член експерт за економски прашања од областа на домувањето.
4. Членството во Регулаторната комисија е неспојливо со извршување на секаква јавна функција, работно место или функција во политичка партија. Секаков вид на функција работно место или именување, престанува по сила на закон на денот на именувањето за член на Регулаторната комисија.
5. За член на Регулаторна комисија може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
1) има државјанство на Република Северна Македонија;
2) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
6) поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
6. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас,
2) Кратка биографија,
3) Мотивациско писмо,
4) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
5) Доказ дека во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
6) Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
7) Доказ дека има најмалку шест години работно искуство на раководно работно место, по дипломирањето,
8) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
9) Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
7. Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување 1 (еден) член на Регулаторната комисија за домување“.
8. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
9. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
10. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.