Јавен oглас Бр.23/2025 за избор на заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост
Врз основа на член 10 став 3, став 4 и став 5 од Законот за индустриската сопственост („Службен весник на Република Македонија“бр. 21/2009, 24/2011, 12/2014, 41/2014, 152/2015, 53/2016, 83/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.23/2025
за избор на заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, за време од четири години.
- За заменик директор може да биде именувано лица кое ги исполнува следниве услови, и тоа:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Да има минимум пет години работно искуство;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
-
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
-
- За заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 3 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
- Доказ дека има минимум пет години работно искуство,
- Меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.