Владата на РМ подготвена за помош на Грција

Во врска со појавата на локализирани пожари и опасноста од нивно проширување на територијата на Грција, македонската Влада на вечерашната седница донесе одлука за ставање на располагање опрема, меѓу која и противпожарни авиони и лица за гаснење на пожарите.

Ангажманот на лицата и опремата стапуваат во сила во моментот на барање поддршка од Грција.