ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ  2/2025 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
18.05.2025

Врз основа на член 10, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14,  48/15, 154/15, 05/16, 142/16, 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19, 14/20, 112/20, 215/21, 99/22 и 208/24), како и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.259/2024), Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС  БРОЈ  2/2025

ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Се распишува интерен оглас за унапредување на административен службеник во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за следново работно место:

  1. Шифра: УПР0101Б01000

Звање и назив на работното место Државен советник за стручно административни прашања, УПР0101Б01000 –

Број на извршители: 1 (еден) извршител;

Посебни услови за работното место под реден број 1:

  • степен на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  • вид на образование: општествени науки
  • работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор

Посебни работни компетенции за работното место под реден број 1:

  • Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.

За работното место под реден број 1 паричниот нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 45.530,00

Општи услови за работното место под реден број 1:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

како и:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на исто ниво и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Распоред на работно време за работното место под реден број 1:

  • неделно работно време: од понеделник до петок;
  • работни часови неделно: 40
  • работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

На интерниот оглас можат да се пријават вработени во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат општите услови и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и правилникот за систематизација на работни места во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Кандидатите пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, да ги достават до Секторот за човечки ресурси. Воедно, пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е да се достават во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси: scr@primeminister.gov.mk

Кон пријавата кандидатите можат да приложат и:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој ќе се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

Со почит,