Груевски: Подготвени сме за разговори

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека со задоволство ја прифатил информацијата за доаѓањето на Метју Нимиц и Бан Ки-мун во Скопје, но нивното доаѓање, како што рече, ќе си го коментираат нивните кабинети.

- Со задоволство ја прифатив информацијата дека доаѓаат и подготвени сме за секаков вид разговори, изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот спортски центар во општина Аеродром.