За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите истото да го направат

Почитувани,

 

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства која е во директна комуникација со канцеларијата на Претседателот на Владата ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози.

 

Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.

 

Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства.

 

Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга.

 

Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка.

 

Водено, ги повикуваме и ги охрабруваме сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.

 

Владата е целосно отворена за соработка.

 

Продолжуваме да ја менуваме Македонија и да создаваме дела и резултати, во интерес на граѓаните.

 

Државата е на патот на промените