Јавен повик бр. 05/2025 за пријавување на кандидати за избор на 1 член на УO на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и 1член во НО во ЈПДП
Врз основа на член 17, член 17- а став 1, член 26 и член 26-а од („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022, 274/2022 и 208/2024) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува:
Ј А В Е Н П О В И К бр. 05/2025
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта
- Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk , на веб страницaта на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. https://www.makedonijapat.com.mk и на веб страницaта на Јавното претпријатие за државни патишта https://roads.org.mk/ oбјавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на:
- 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и
- 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта.
- За член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
- Да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење.
- За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија,
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки,
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Да имаат и соодветно работно искустви и тоа:
- најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
- Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
- Образец за пријавување,
- Кратка биографија,
- Мотивационо писмо,
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за позицијата за која аплицира,
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство соодветно за позицијата за која аплицира, (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија)
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
- Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта“.
- Членот на управниот/надзорниот одбор на јавното претпријатие го именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија, со мандат до истекот на мандатот на постојниот состав, со право на уште еден последователен мандат.
- Член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управен/надзорен одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.
- Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
- Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавните претпријатија.
- Краен датум за пријавување е 7.7.2025 година.
- Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.