Мицкоски: Ветивме и остваривме – Пуштен е во употреба мостот кај Башино село

Добар ден и од мене.

Јас не ни имам што да кажам дополнително од ова што го кажаа и градоначалникот и директорот, можеби една мала корекција бидејќи сега сите сме сведоци дека повеќе не треба да ја користиме честичката ќе туку е пуштен во употреба, бидејќи веќе се обраќаат тука возила и товарни и лесни патнички така што цениме дека безбедноста е на прифатливо ниво.

Мене ми останува само на крај и јас во мое име да им се заблагодарам на сите учесници во овој потфат почнувајќи од колегите од универзитетот „Кирил и Методиј“ градежниот факултет, преку луѓето од јавното претпријатие за државни патишта, директорот, општината Велес, потпретседателот на Влада и министер за транспорт, Министерството за внатрешни работи, изведувачите и сите останати коишто учествуваа во реализацијата на овој потфат, бидејќи беше прилично брз, ефикасен и еве конечно мислам дека ќе успееме да обезбедиме побрз транспорт во рамките на градот Велес.