Димовски: Драстично зголемен извозот на виното и другите земјоделски производи

Извозот на македонско вино лани достигна 968.002 хектолитри што е најдобар резултат во изминатите 20 години. Таквиот тренд продолжува и во 2012 благодарение на владините мерки за поддршка на производство и поттикот винарските визби да имаат посериозен настап на саемските манифестации, рече денеска на прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

- Во првата половина од годинава извозот на вино е зголемен за 14 отсто во однос на 2011 која се смета за најуспешна во изминатите 20 години, истакна Димовски.

Извозот на македонско вино во 2005 година бил 655.896 хектолитри или 28,9 милиони евра вредносно. Во 2011 година, пак, од извоз на вино Македонија остварила 44,7 милиони евра.

Одлични се индикаторите за производство и извоз и кај дргуите култури, праска, зелка, домати, краставица.