Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани присутни овде на овој убав настан,
Јас немам што да додадам повеќе од тоа веќе го кажа и министерот и компанијата којашто го изгради овој објект и градоначалникот на Кисела Вода.
Mожам само да им посакам долго да си го користат дечињата од ова основно училиште, но и сите основци од Општина Кисела Вода.
Уште многу вакви проекти да завршиме. Многу е важно сето она што е почнато да се заврши, да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време, колку и тоа да ни се допаѓало или не допаѓало во минатото. Пари се трошени од граѓаните и мора истото да се заврши за да може да биде ставено во функција за да може граѓаните да го користат.
Следат уште 4 коишто до крајот на летото од овој изведувач ќе треба да бидат пуштени во функција. Она што јас можам да го кажам е дека остануваме Влада којашто ќе биде Влада насочена кон реализација на проекти, реформи и влада којашто гледа во иднината.
Нека е со среќа уште еднаш.“