Дурмиши: Голем интерес за мерките од оперативниот план, над 7 илјади граѓани аплицирале за самовработување

Постои голем интерес кај граѓаните кои сакаат да имаат корист од мерките од оперативниот план за подобрување на економијата. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, во интервју за VOXAL, изјави дека оперативниот план со рекордна бројка од над 40 милиони евра се покажува како моќен инструмент за промовирање на вработувањето и дека е одговор на реалните потреби на граѓаните да се вклучат на пазарот на трудот, да се подобри пазарот на трудот, а воедно и да се стабилизира економијата.

Над 7.000 граѓани аплицирале за мерката за самовработување, аплицирајќи за една од бенефициите што се предвидени за млади лица до и над 29 години.

Сепак, министерот нагласи дека најновата мерка што е активна е онаа за создавање работни места, каде што се обезбедени неповратни средства до 750 илјади денари.

„Најновата мерка што е активна, објавена пред неколку дена, е мерката за создавање работни места, преку зелени инвестиции, оние луѓе што ќе бидат вработени во мали и средни компании ќе добијат неповратни средства до 750 илјади денари, кои ќе ги користат  за купување софтвер, лиценци, машини, разна опрема и така натаму“, нагласи Дурмиши.