Мицкоски: Се реконструираат 7 операциски сали, блокот за патологија, биохемија и целосно опремување на ГОБ „8 Септември“ по најмодерни стандарди

Добар ден и од мене.
Јас немам што дополнително да кажам од тоа што го кажа и директорот и колегите во Владата, можам само да се заблагодарам на луѓето од болницата, на директорот, што еве и покрај редовните активности ги имаат како болница буквално секој ден поминуваат тука и во овој градежен дел којшто се реновира и којшто треба да биде би рекол најсовремен и најубав во Македонија, а е дел од јавното здравство. 
Очекувам дека до крајот на годината ќе биде и првата хируршка интервенција отпочната и успешно завршена од ова што можам како динамика да го видам којашто се случува овдека, така што јас би сакал да спомнам уште еден факт што не го кажа директорот, можеби затоа што е скромен, а тоа е фактот дека од стотици милиони долгови сега болницата работи позитивно, односно работи во интерес прво на пациентите, а потоа и задоволството на здравствените работници коишто се тука. 
Така што уште еднаш дозволете ми да посакам успешно завршување на овој проект, сепак во јавното здравство инвестиција од 12 милиони евра преставува нешто коешто не се случило со години и коешто се надодава на сите оние инвестиции коишто ги работат Министерството за здравство, министерот, директорот на фондот за здравствено осигурување, така што во деновите коишто следат ќе имаме уште многу промоција на објекти коишто се реновирани, реконструирани на инвестиции во здравството, така што ве повикувам да не следите заедно да направиме увид, да видиме што сѐ се случува во македонското здравство за македонските пациенти и македонските здравствени работници. 
Ви благодарам.