Груевски: СДСМ не зборува за проекти, шири демагогија

Премиерот Никола Груевски не е изненаден од ставовите на СДСМ и на нивниот лидер Бранко Црвенковски искажани по вчерашниот отчет по повод една година од формирањето на Владата. 

- Не очекував СДСМ да излезе со пофалба и Бранко Црвенковски да излезе и да каже браво сте сработиле  над 300 проекти сте започнале над 400 други проекти. Човекот толку проекти во целиот свој животен век како политичар нема остварено. Така што него тоа му се гледа како нешто неважно, како нешто што никој нема да го забележи, затоа што тој политиката ја сфаќа на друг начин, рече премеирот Груевски, одоговарјќи на прашање по промоцијата на нови 20 наслови во Читалната „1.000 книги“ во ГТЦ во Скопје.

Политиката, додаде, ја сфаќа со празна демагогија, со фоскули, со бомбастични најави кои што не се остваруваа со обвинувања, со сплетки, со игри, со шахови, со чуда,..

- Станува збор за две тотално различни матрици. Еден човек кој што размислува на еден начин и друг човек и друга гарнитура која што размислува на сосема друг начин на конкретни проекти, на одржување на зборот, на држење до тоа што било ветено, колку што е тоа можно во рамките на сите овие кризи коишто не снајдоа, до држење до рокови колку што е тоа можно, на изработка на проекти, на подобрување на квалитет на животот на граѓаните, појасни Груевски.

Впрочем  затоа, посочи, и практично СДСМ долг период  ги губи изборите.

- Во минатото кога СДСМ ја добиваше довербата на граѓаните практично ниту отчет даваше, ниту сериозни ветувања, а и тие ветувања што ги имаше како фоскули од типот „по еден вработен по семејство“ не се остварија. Не ме изненади тоа што Бранко Црвенковски  го кажа. Aпсолутно не очекував да излезе и да не пофали, нагласи премеирот Груевски.