Кралев: Учебната година ќе почне без задоцнување на 3 септември

Учебната 2012-2013 година ќе почне на 3-ти септември и покрај реконструкцијата на 200-те училишта низ земјава, соопшти министерот за образнование и наука Панче Кралев при денешната посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

- Оваа година е рекордна по инвестициите во образовната инфраструктура. Значи, масовно се работи на подобрување на квалитетот на инфраструктурата, секаде во Република Македонија, што од средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија што од средства од општините или трети средства од донатори. Веруваме дека со почетокот на учебната година учениците ќе влезат во современи и подобрени услови за одвивање на наставата. Учебната година ќе започне на 3-ти септември, значи ќе нема никакво одлагање, а сите кои се ангажирани на градежните работи, работат да биде запазен тајмингот до 3 – ти септември, рече Кралев.

Тој додаде дека веќе се одобрени и 41 учебник за средните стручни училишта, каде што имаше проблеми со недостиг на овие ученици. Во тек е и дистрибуцијата на учебници за основните и средни училишта, кои се дел од проектот на Владата.