Министерот Адеми се сретна со претставници од Делегација на ЕУ

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми се сретна со претставници од Делегација на Европската унија предводена од новиот раководител за оперативни работи Мартин Клауке.

Средбата, информираат од ресорното Министерство, се одржа со цел меѓусебно информирање во однос на досегашната соработка, проекција за идни активности, како и статусот на спроведување на проектите финансирани од европските фондови.

Министерот Адеми се заблагодари за интересот и досегашната поддршка на експертите од Делегацијата на ЕУ со надеж за нејзино проширување и продлабочување во иднина. Тој нагласи дека предизвиците во животната средина се големи, како за централната, така и за локалната администрација.

Клауке ја потврди подготвеноста на експертите од Делегацијата на ЕУ за целосна поддршка на стратешките планови и програми на Владата на Република Македонија кои се однесуваат на животната средина. Беше потврдено дека избегнување на преклопувања во координацијата ќе биде постигнато со обновување на секторските работни групи во програмскиот пристап на планирање на проекти на ниво на влада.