Арифи на средба со Гордон, САД со поддршка за Македонија

Заменик претседателот на макеоднската Влада Теута Арифи вчера во американскиот Стејт Департмент имаше средба со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон и со помошникот заменик државен секретар Филип Рикер.

Арифи по средбата изјави дека со Гордон разговарале за ероатлантските интеграции, спорот за името и за состојбите во владејачката колиција, при што Гордон изразил силна поддршка.

- Јас брифирав за процесот на дијалог на високо ниво со Европската унија и што е многу важно американската аминистрација максимално го поддржува овој процес и искажаа задоволство од резултатите што сме ги постигнале. Разговаравме и за други прашања, за стабилноста во регионот и за внатрешните прашања како односите во владејачката коалиција. Секако дека за претставниците на американската администрација кои ја следат Македонија е јасна комплексноста на односите во коалицијата, но во  принцип максимално ја поддржуваат стабилноста на институциите, стабилноста на државата и секако даваат поддршка на секој процес што ќе не приближи поблискудо ЕУ, изјави Арифи.

Вицепремиерката најави дека Македонија од САД ќе добие поддршка и за ефектуирање на очекуваната нова препорака на Европската комисија за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.