Владата се уште нема потврда за наводниот случај Самарџиев, ги осудува сите обиди за манипулација во јавноста

Со оглед на важноста и сериозноста на информациите во јавноста кои говореа за извесен случај Самарџиев, би сакале да информираме дека Владата сеуште нема потврда за таков настан.

Во меѓувреме, додека трае утврдувањето на информациите, сведоци сме и на повеќе контрадикторни изјави од поединци во двете држави, но исто така и на официјален демант од страна на грчката влада.

Владата на Република Македонија повикува на воздржаност и зрелост и ги осудува сите обиди за манипулација во јавноста со едно вакво чувствително и сериозно прашање. Владата ќе ја информира јавноста по официјален пат, доколку се дојде до потврдени информации.