Груевски: Имаме кадар за евроинтеграции и за почеток на преговорите

Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека Македонија има изградено една добра структура на кадар во државните институции која, како што рече, е подготвена да се сноси со почеток на преговори, со преговори во еден сериозен преговорачки процес, доколку тоа ни биде овозможено.

- За тој дел би кажал веќе имаме релативно добро обучена структура на луѓе. Над 800, можеби илјада луѓе работат на сите овие 33 поглавја. Се повеќе се специјализирани затоа што се повеќе се во допир со оваа материја. Одат на сите потребни обуки кога има такви можности, изјави премиерот Груевски по отворањето за сообраќај на втората делница од реконструираната улица „Козле“ во општина Карпош.