Груевски: Има интерес за инвестиции во „Џумајлија“

Има интерес од инвеститори за агрокомбинатот „Џумајлија“ и се надевам дека огласот за негова продажба ќе заврши  успешно и ќе се најде инвеститор, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на градежните работи  за ремонт на пругите од Коридорот 10.

Согласно огласот, идниот инвеститор што ќе го земе земјиштето под концесија треба да вложи околу 200 милиони евра и да вработи најмалку 2.000 лица.

- Во претходниот период  кога работеше „Џумајлија“ беа ангажирани околу 300 работници како и сезонски работници. Во новиот оглас се предвиодува во тригодишен период да се дојде до бројка од минумум 2.000 луѓе и инвестиција од најмалку 200 милиони евра во изградба на  млекарница со одредене капацитет, на производен погон за сточна храна и  набавка на одреден број говеда однсоно минимум 20.000, рече Груевски.

Според него, агрокомбинатот „Џумајлија“ ќе прерсне во сериозен центар пд којшто поради големиот капацитет  ќе се продава не само во Македонија, туку и низ цела Европа. Засега има интерес од инвеститори и се надеваме дека со успех ќе заврши целата рабта, но сепак треба да се почека да заврши огласот, посочи премиерот.