Премиерот Никола Груевски во Прага присуствува на Годишното собрание на НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (понеделник, 12.11.2012 година) присуствува на Годишното собрание на НАТО кое се одржува во Прага, Република Чешка.

Во рамките на Собранието премиерот Груевски имаше и свое обраќање, од кое во прилог Ви го доставуваме интегралниот текст.

На маргините на Собранието, премиерот Груевски оствари неформална средба со генералниот секретар на НАТО, г-дин Андерс Фог Расмусен, на која двајцата соговорници разменија мислења и информации околу реформите кои ги спроведува нашата земја, како и околу евроатланската интеграција на Република Македонија.

Премиерот Груевски оствари неформални средби и со претседателот на Собранието на НАТО, г-дин Карл Ламерс, претседателот на чешкиот Сенат, г-дин Милан Стеч и спикерката на чешкиот Парламент, г-ѓа Мирослава Немцова.

Во текот на утрешниот ден премиерот Груевски ќе има и средба со премиерот на Чешката Република, г-дин Петар Нечас.