Почна изградбата на градинка во Василево, финансирана од ИПА фондовите за прекугранична соработка

Во општина Василево денеска почна изградба на градинка која се реализира во како дел на прекуганичниот проект „Рака за рака малите Бугарчиња и Македончиња“ од ИПА програмата. На поставувањето камен темелниик присуствуваше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и градоначалниците на  Василево и Струмјани.

- Министерството за труд и социјална политика и Владата ја поздравуваат ангажираноста на општинската администација и на градоначалникот Стојанов за изградбата на првата градинка со која помагаат во вкупните заложби на Владата во подобрувањето на социјалната заштита на најмалите, рече министерот Ристовски.

Тој додаде дека во рамки на реформите во областа на социјалната заштита, Министерството за труд и социјална политика посебно внимание посветува на детската заштита. - Во изминатиот период во повеќе урбани и рурални средини во Македонија се изградени и комплетно реновирани 43, а ова е 44-та детска градика. Со акцискиот план на Министерството се планира изградба на нови 14 детски градинки во исто толку рурални општини, со што ќе се подигне нивото на социјална зашита на децата, но и ќе се помогне во решавање на проблемот со згрижување на децата на младите брачни парови, рече мистерот Спире Ристевски.

Градоначалникот Ванчо Стојанов упати благодарност до администрацијата на двете општини, кои во идеата за решавање на проблемот на најмладите ја претставија во заеднички проект, “Раче за раче малите Бугарчиња и Македончиња”, кој финансиски со 500 илјади евра е поддржан од ИПА фондовите на Европската Унија.

- Новата градинка ќе биде со вкупна површина од 420 метри квадратни и во неа ќе бидат згрижени 60 дечиња од општина Василево. Се надевам дека со помош на Владата и Министерството за труд и социјална политика, овој објект ќе биде готов и во септември идната година во него ќе бидат згрижени дечињата чии што родители се на работа, изјави градоначалникот на општина Василево,Ванчо Стојанов.

За градоначалникот на општина Струмјани Емил Илиев, овој заеднички прекуграничен проект, освен изградбата и уредувањето на градинките во Василево и Струмјани, отвара простор за натамошна соработка и развивање на пријателството меѓу луѓето од Бугарија и Македонија.

Градежните работи на новата градинка во Василево, која е лоцирана помеќу општинската зграда и основното училиште “Гоце Делчев “треба да завршат на пролет. Објектот ќе биде со висока енергетска ефикасност. Ќе бидат поставени соларни панели за искористување на сончевата светлина со цел намалување на трошоците за тековно работење.

Основна цел на проектот „Рака за рака: Малите Бугарчиња и Македончиња„ е создавање на услови за чување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст во општина Василево, како и подобрување на условите за чување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст во општина Струмјани преку создавање на услови за социјални контакти помеѓу воспитувачите и родителите на децата од предучилишна возраст во двете прекугранични општини.