Груевски: Вработувањата на децата без родители ќе биде со законски решенија

Вработувањето на децата без родителска грижа ќе биде регулирано со закон со кој најмалку 10-тина деца годишно ќе се вработуваат, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарски прашања Груевски рече дека целта на Владата е ова прашање да го регулира со закон за да може во иднина овие деца да не бидат оставени на волјата и свеста на некои поединци.

- Независно која влада е на власт, сакаме вработувањето на овие деца да не зависи од волјата и свеста на некои поединци, туку тоа да го вградиме во закон, да стане системско решение по кое најмалку 10-тина деца годишно, а во почетните години и повеќе, да се вработуваат по една специјална програма која ќе им даде предност затоа што тоа се деца во незавидна ситуација, изјави Груевски по пуштањето во употреба на домот на културата во населба Илинден.

Нагласи дека покрај ова и досега Владата водела грижа за овие деца со изградба на станови и вработувања.