Ќе се изработува физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица

Во текот на следата недела се очекува да биде потпишан договор за изработка на физибилити студија за развој и изградба на скијачки центар на падините на Галичица.

Како што информираше на денешната отворена седница на Владата директорот на Националниот парк Галичица Зоран Ангеловски, доколку физибилити студијата покаже исплатливост на проектот ќе се премине на изработка и на мастер план.

- Очекуваме во текот на следната недела од наша страна да биде потпишан договорот со избраниот понудувач. Паралелно  треба Јавната установа „Национален парк-Галичица“ и Управата за хидрометереолошки работи да ги извршат своите обврски во однос на доградба на една мерна станица. Овие податоци од мерната станица се потребни за изработката на физибилити студија, беше соопштено пред челновите на Владата.