Во Општина Аеродром ќе се гради уникатен парк, во декември камен-темелник на Аква паркот во Скопје

Изградба на парк, нова туристичка атракција, во скопската општина Аеродром, беше најавена на денешната отворена седница на Владата. 

Уникатниот парк ќе се гради на површина од над 15 хектари.   

Изградбата на Аква паркот во Скопје покрај реката Вардар, од страната на хотелот „Александар Палас“, се очекува да започне најдоцна до 20 декември доколку Општина Карпош ја издаде дозволата за градба. Ако тоа не се случи, како што информираше директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ Ратко Капушевски, ќе се оди на второстепена постапка според која одобрението за изградба го издава министерот за транспорт и врски.  

- Очекуваме дека во текот на месец декември ќе ја добиеме градежната дозвола и ќе поставиме камен темелник, изјави Капушевски посочувајќи дека се потребни четири месеци за реализација на оваа капитална инвестиција која ќе отвори можност и за дополнителни 35 вработувања.

Во врска со изградбата на четири тениски игралишта, директорот на спортскиот центар рече дека одобренија се добиени само за две игралишта.  

- Согласно динамиката која ја утврдивме на Влада и тениските и Аква паркот минатата година ќе беа реализирани во случај да немавме одредена доза на опструкции. Општините мешаат одредена доза на плитиканство, но очекувам дека ќе биде тоа надминато, изјави Капушевски.