Средба на вицепремиерот Арифи со Филе, Санино и Лајчек во Брисел

 

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи, денеска во рамки на работната посета на Брисел, се сретна со комесарот на Европската унија за проширување Штефан Филе, со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување Стефано Санино и со Мирослав Лајчек, директор за Европа и Централана Азија во Службата за надворешни работи на ЕУ.

На средбите вицепремиерот Арифи ги презентираше активностите кои е планирано да се преземат со цел да се адресираат препораките нотирани во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија.

Како што соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, било разговарано и за други прашања поврзани процесот на европска интеграција.