Министерот Џафери се сретна турскиот генерал-мајор Ѓурак

Соработката во одбраната и военото образование помеѓу Македонија и Турција е на високо ниво, оцени денеска министерот за одбрана Талат Џафери на денешната средба со генерал-мајор Метин Ѓурак, Командант на Командноштабната Воена Академија и предводник на делегацијата од Воената командно-штабна академија на Турските вооружени сили кој денеска претстојува во неколкудневна посета на АРМ.

На средбата министерот Џафери се заблагодари за севкупната поддршка што Република Турција ја дава на Република Македонија, и посочи дека пример за тоа е фактот што за прв пат персонал од АРМ е упатен на високо школување во образовните центри на Армијата на Република Турција, соопштија од Министерството за одбрана.

На средбата, како што е соопштено, разговарано е и за соработката од областа на военото образование која е  од огромно значење за АРМ од аспект на долгата традиција и стекнатите искуства во Република Турција каде се упатени и школувани голем број припадници на АРМ, како на Воената Копнена Академија, така и на Воено Медицинска Академија „ГАТА“.

Во Турција, досега имааат дипломирано 15 офицери од АРМ кои за стекнатото образование, искуства и вештини имаат исклучително позитивно мислење, и тие се поставени на одговорни и командни задачи во АРМ.

Република Турција е најголем донатор на опрема за АРМ, со вредност од над 18 милиони долари.