Во скопски Аеродром МВР ги почна активностите за сузбивање на кражбите во возила

 

МВР во соработка со општина Аеродром и поддршка на ОБСЕ денеска почна со реализација на промотивна превентивна активност за намалување и сузбивање тешки кражби за патнички моторни возила на подрачјето на главниот град, со цел да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од одговорно однесување.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информираше дека статистичките податоци покажуваат дека во првите девет месеци од минатата година имало над 1.700 тешки кражби во автомобили, а оваа година се забележува благо намалување на кражбите од овој вид.

- Тоа не е доволно и низ вакви промотивни активности, паралелено со спроведувањето на репресивните мерки односно откривање на сторителите, ќе придонесиме за поодговорно однесување кај граѓаните, бидејќи тие се партнер на полицијата. Единствено ако заендички регираме ваквите кражби и сите други аномалии во општеството ќе бележат намалување, изјави министерката Јанкулоска.

Заедничка била одлуката на Јанкулоска, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и на ОБСЕ, проектот да почне од оваа општина, иако тоа не значи дека тука  бројот на кражби е најалармантен, туку само дека се работи за урбана населба во која бројот на автомобили е голем, исто како и фрекфенцијата на луѓе.

Градоначалникот Коневски изрази надеж дека оваа активност ќе придонесе за намалвуање на бројто на кривичните дела кражби во автомобили, а истовремено ќе ја разбудиме свеста кај граѓаните да не оставаат предмети во своите возила.

- Паркирањето го вршат редари. Главно зонското паркирање во одој дел од општината околу ТЦ „Бисер“ трае до 23 часот, по што немаме луѓе кои внимаваат на паркинзите и тие на некој начин се празни се до 7 часот наутро. Во тој временски период најчесто се случуваат тие кражби, изјави градоначалникот Коневски, одговарајќи на новинарското прашање дали граѓаните кои го плаќаат паркингот, треба да бидат и сигурни односно обезбедени од таквите кражби.