Министерот Бесими, заменик началникот на ГШ, воени аташеа и припадници на АРМ засадија дрвца во кругот на МО
Министерот за одбрана Фатмир Бесими, заменик началникот на Генералштабот на АРМ Насер Сејдини и акредитирани воени аташеа во Република Македонија посадија садници во дворот на Министерството, со што се вклучија во 8. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.
Во есенската акција 200 припадници на АРМ низ седум региони во Република Македонија на 10 локации, информира министерот Бесими, денеска засадуваат дрвца, кои симболично значат градење на здрава животна средина за идните генерации.
- Есенската акција е под мотото „Да ја градиме нашата иднина“ односно поддршка за иднината на Република Македонија, а значи мир, стабилност и развој, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими.