Јанкулоска го посети Тренинг центарот на специјалните полициски сили на Кина

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска, во рамки на посетата на Народна Република Кина, беше во Академијата и тренинг центарот на специјалните полициски сили каде оствари средба со челните луѓе на полициските вооружени сили.

Како што соопшти МВР, при посетата на Јанкулоска и беа демонстрирани капацитетите, начинот на работа и ингеренциите на единиците кои покриваат физичко обезбедување, антитерористички активности, спречување на нарушувањата на јавен ред и мир, помош при катастрофи и непогоди,...

Во текот на разговорите двете страни понудија можност за размена на искуства и знаења.

Министерката Јанкулоска утре во Шангај ќе го посети седиштето на шангајската полиција.