Министерот Тодоров пошумуваше во Радовиш
Министерот за здравство, Никола Тодоров учествува во акцијата за пошумување во Општина Радовиш, каде што на 17 хектари се засадени 8 000 дрвца.
Тодоров истакна дека акцијата „Ден на дрвото“ стана традиција за секој македонски граѓанин.
- Она што го гледам овде е дека акцијата е посетена од голем број на граѓани, кои сакаат да дадат придонес за засадување на што е можно повеќе дрвца во Македонија, рече Тодоров.
Тој истакна дека по посетата на Клиничката болница во Штип наредни за примена на јапонскиот проект „Кајзен“ се болниците во Битола и Тетово. Министерот за здравство рече дека работа на секој министер е реално да ги согледа состојбите во својот сектор, а не да се прави тоа од кабинетите.
Тодоров смета дека во текот на наредниот период ќе има видливи резултати во подобрувањето на состојбите во Клиничката болница во Штип, а тоа е најочигледно со преселувањето на Невролошкото одделение и подобрување на хигиенските услови.