Можности за мобилност и професионален развој за македонските граѓани во ЕУ

Министерството за образование и наука и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска почнаа промотивна кампања за подигнување на видливоста на европските програми наменети за образование, обука и млади и можностите за нивно искористување.

На денешната прес-конференција  министерот Спиро Ристовски појасни дека кампањата предвидува настани и активности во насока на обраќање кон пошироката јавност за досегашниот успех и реализација на програмите „Доживотно учење“ и „Млади во акција“, но и информирање за вклучувањето на Македонија во програмата на Европската комисија „Ерзамус+ 2014-2020“.

- Согласно акцискиот план за реализација на капањата предвидени се четири инфо денови за програмата „Доживотно учење“ и два инфо денови за „Млади во акција“ за кои може да се аплицира до крајот на годината, со што очекуваме  искористување на средствата  од досегашните 85 отсто да се зголеми на 90 проценти, рече Ристовски.

Упати апел до потенцијалните корисници, посебно да обрнат внимание на новата програма „Еразмус+“ бидејќи, како што кажа, таа ќе обезбеди повеќе и поголеми можности преку буџетот кој ќе биде двојно поголем во однос на буџетите за програмите од оваа година, а ќе изнесува 3,5 милони евра. Информираше  дека јавноста ќе биде запознаена  со придобивките од влучување на Македонија во европските иницијативи, мрежите Еуропас и Евридика.

Директорот на Националната агенција Дарко Димитров информираше дека првиот инфо ден ќе се одржи во Скопје на 7 ноември во спортската сала „Борис Трајковски“ за програмата „Млади во акција“, а во текот на истиот месец ќе биде посетен и градот Кочани. Во неомври инфо денови за програмата „Доживотно учење“ ќе има во Скопје, Охрид, Тетово и Кавадарци.

- Деталите за новата програма „Еразмус+“ ќе бидат достапни на инфо деновите на работилниците што ќе се сучуваат во декември во повеќе региони низ државава, истакна Димитров.

Појасни дека инфо деновите ќе бидат организирани во насока на поголема интеракција со присутните што ќе им овозможи на потенцијалните корисници да поставуваат прашања и да добиваат одговори дирекно до вработените во Националната агенција.